top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Чарлс Трети нема да се всели во Бакингемската палата

Новиот британски крал Чарлс Трети ќе ја прекине традицијата стара 185 години, пишуваат британските медиуми. Toj нема да се пресели во Бакингемската палата, каде што живееле сите британски кралеви и кралици – шест од нив – од 1837 година кога кралицата Викторија дојде на тронот. Добивај вести на вибер Чарлс и неговата сопруга Камила сакаат нивната резиденција и понатаму да биде Кларенс хаус, која е на неколку минути пешачење од Бакингемскиот дворец и каде што живеат од 2003 година. Бакингемската палата и понатаму ќе биде официјално седиште на монархијата, а Чарлс нема да се пресели таму, дури и кога ќе биде целосно реновирана во 2027 година. Извор близок до кралското семејство изјави за „Сандеј тајмс“ дека Чарлс се чувствува многу удобно во Кларенс хаус, каде што мајката на кралицата Елизабета живеела до 2002 година. Тој смета дека Бакингемската палата не е приспособена на современиот свет и не е одржлива ниту финансиски ниту еколошки, вели истиот извор. Кралот наводно сака оваа палата да ја отвори за јавноста. „Тој препознава дека сè мора да еволуира, а во модерната ера луѓето сакаат да влегуваат во палати. Тој ова го поддржува и палатите ги смета за јавен, а не приватен простор. Во Бакингемскиот дворец, најверојатно, ќе биде отворена постојана изложба во чест на кралицата Елизабета“, открива изворот за „Сандеј тајмс“.




2 views

Comentarios


bottom of page