top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Чарлс и Камила ги објавија првите кралски портрети

Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила ги објавија своите први официјални портрети по крунисувањето.

Портретите ги направи фотографот Хуго Бурнанд, а Бакингемската палата ги објави на официјалниот „Инстаграм“ на кралското семејство, заедно со порака на кралот Чарлс.

„Како што се приближува крајот на викендот на крунисувањето, јас и мојата сопруга сакавме да ја споделиме нашата искрена и длабока благодарност со сите оние што помогнаа оваа пригода да биде толку посебна. Им оддаваме особено признание на безбројните луѓе што ги дадоа своето време и посветеност за прославите во Лондон, Виндзор и други места да бидат што е можно посреќни и побезбедни“, гласи пораката на кралот во описот на објавата.

„Им благодариме на сите што се придружија на прославата – без разлика дали беа дома, на уличните забави и ручеци или со волонтирање во заедниците. Вашата поддршка и охрабрување сведочи за вашата добрина изразена на толку многу начини и тоа е најголемиот можен крунисувачки подарок, а ние сега повторно ги посветуваме нашите животи служејќи му на народот на Обединетото Кралство и на земјите од Комонвелтот“, пишува во објавата.

На својата самостојна фотографија Чарлс носи кралска круна и наметка додека држи кралско јаболко и владетелски жезол со крст, седнат на еден од столовите направени за кралот Џорџ Петти и кралицата Марија во 1902 година.

На друга фотографија Камила стои облечена во бел фустан, а ги носи круната и наметката на кралицата Марија.

Кралот и кралицата позираа и за заеднички портрет, како и еден со други членови на кралското семејство.

На групната фотографија се и принцот Едвард – војводата од Кент, Биргит – војвотката од Глостер, принцот Ричард – војводата од Глостер, сер Тим Лоренс – вицеадмиралот, принцезата Ана, принцот Вилијам од Велс и принцезата Кетрин од Велс, Софи – војвотката од Единбург, принцезата Александра, леди Огилви и принцот Едвард – војводата од Единбург.






1 view

Comments


bottom of page