Чарли Шин повторно на малите екрани по цели пет години
Чарли Шин, најпознат по улогата на Чарли во серијата „Два ипол мажи“, наскоро ќе се врати на малите екрани, дознава „Page Six“.
Актерот, кој се нема појавено пред камера од 2017 година, освен во некои мали споредни улоги, почна да снима пилот епизода за серијата, напишана и продуцирана од креаторот на серијата „Entourage“, Даг Елин.
Елин и Шин очигледно станаа пријатели кога Елин го донесе Шин како гостин во неговото шоу „Victory The Podcast“ минатата година, а за време на шоуто тој навести дека тој и Шин смислуваат заеднички проект. Елин потоа рече дека му дал на Шин некои идеи за серија што треба да ги разгледа – и дека сака да го вклучи и таткото на Чарли, Мартин во шоуто.
„Page Six“ дознава дека започнало снимањето на неименуван пилот проект и тие навистина го убедиле Шин постариот да застане пред камерата.
Шин неодамна навести дека работи со Елин кога објави слика на Инстаграм од него и уште двајца актери со опис: „Епски прв ден со моето ново ‘второ’ семејство“.
Да потсетиме, Шин неславно ја напушти својата феноменално успешна ТВ кариера во 2011 година, кога започна јавен напад врз Чак Лоре, креаторот и извршен продуцент на хит серијата на Шин „Два ипол мажи“.
Шин – кој има долгогодишни проблеми со злоупотреба на супстанции – беше отпуштен и набргу потоа даде серија бизарни ТВ интервјуа.
Него во серијата го замени Ештон Качер, а Шин се посвети на други, помалку успешни проекти.
Comments