Чалханоглу добил топло „добредојде“ од соиграч на тренингот (Фото)
01.11.2024 Noemvri Petok
Хакан Чалханоглу ги пропушти трите последни натпревари на Интер поради повредата која ја заработи на дербито со Рома, но добра вест за фановите е што Турчинот се врати во тренажен процес пред мечот со Венеција.
Чалханоглу е клучен играч за врска во системот на Симоне Инѕаги и неговот присуство на теренот посебно се чувствува во играта на италијанскиот првак, а иако можеби ќе биде поштеден против Венеција, супер вест за „нераѕурите“ е што Хакан ќе биде подготвен за Арсенал во Лигата на шампиони.
Турчинот денеска го одработил целиот тренинг во полн интензитет, но по крајот на истиот, самиот откри дека му било посакано „добредојде“ со остар старт.
Иако не сакаше да именува, Чалханоглу откри дека бил непријатно собран од свој соиграч, од кого добил и белег на ногата.
– Комплетиран првиот тренинг….., – гласи сторито на Чалханоглу.
Comments