top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Чалханоглу го изведе најбизарниот пенал во кариерата, Ѓулер постигна гол за победа на Турција фото и видео

14.10.2024 Oktomvri Ponedelnik

Исланд и Турција се погрижија за фантастична фудаблска претстава во Рејкјавик, дуел на кој видовме дури шест гола, еден нереализиран пенал, две мајстории и една голема голманска грешка.

Во вакви несекојдневни услови, Турција на крајот беше поумешна и успеа да слави со два гола во завршницата, па така со конечни 2:4 ја запиша и третата победа во Лигата Б во Лигата на нации.

Арда Ѓулер го постигна клучниот гол за 2:3 во 88-та минута по голема грешка на голманот Валдимарсон, односно упорната реакција на Актуркоглу.

Овој вториот во продолжение го постигна голот за конечни 2:4 во судиското продолжение, а претходно видовме уште една мајсторија на Кавечи.

Во листата на стрелците се запиша и капитенот Хакан Чалханоглу, но тоа го направи по вториот изведен пенал на овој меч. Првиот кој го изведе беше најбизарен во неговата кариера, бидејќи играчот на Интер се сопна и двапати ја допре топката која заврши во голот.

ВАР проверката го утврди двојниот контакт со двете нози и судијата досуди индирект, но тоа што не му успеа во првиот обид, му успеа во вториот во 67-та минута.

Што се однесува до головите на Исланд, истите беа дело на Оскарсон и Гудјонсен.



3 views

Comments


bottom of page