top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Чави ја планира новата сезона со Меси, Барселона излезе со официјален став за преговорите

„Мундо Депортиво“ рано утрово му ја посвети својата насловна вест на електронското издание на Лионел Меси, повикувајќи се на свои извори кои велат дека Аргентинецот веќе востпоставил контакти со клубот за враќање на „Камп Ноу“ претстојново лето.

Угледниот каталонски весник во својата сторија пишува дека тренерот Чави Ернандес веќе ја планира новата сезона со Меси како клучен фактор во првиот тим на каталонската гордост, а само неколку часа по ваквата информација, стигна и официјална потврда од еден од најважните соработници на Жоан Лапорта.

Рафа Јусте како потпретседател на Барса им дал одговори на шпанските новинари попладнево, признавајќи дека клубот отворил почетни преговори и остварил почетни контакти со Меси и неговите претставници.

Аргентинецот е во последните месеци од договорот со ПСЖ и се поверојатно е дека ќе биде слободен агент ова лето, а тоа ќе биде супер-шанса за Барселона да ја поправи грешката која ја направи пред две години, кога не најде доволно средства да го задржи капитенот.

– Меси и неговото семејство знаат што чувствувам за нив. Јас бев дел од историските преговори кои за жал завршија во ќор-сокак. Имам тежина во себе поради тоа што не продолжи во Барселона. Кога зборуваме за Ла Масија, зборуваме и за Меси. Убавите приказни, мора да завршат на убав начин. Вистина е дека имаме контакти со Меси и неговиот тим и сите сакаме да се врати, – вели Јусте.


1 view

Comments


bottom of page