top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Чави откри како го одбил Јунајтед: Мојот одговор беше брз…

11.08.2021 Avgust Sreda

Шпанската легенда Чави Ернандез целата своја кариера кога е во прашања Европа ја мина во Барселона, во клубот во кој израсна и клубот кого многумина го гледаат како тренер во иднина. Тој 17 години беше дел од првата екипа на каталонците, а во тој период имало доста понуди на негова адреса. Меѓу нив била и онаа од Манчестер Јунајтед и легендарниот сер Алекс Фергусон кој сакал да го види во своите редови, но Ернандез едноставно не се гледал себеси надвор од „Камп Ноу“, -Манчестер Јунајтед ми пријде еднаш преку братот на Сер Алекс Фергусон, но мојот одговор беше многу брз. Бев фокусиран на Барса, мојот приоритет беше само Барса. Јас сум и фан и затоа ми беше невозможно да си заминам. -Сега гледам поинаку на работите. Сите ми велат дека Премиер лигата е прекрасна, одлична лига за работа. Прво за страста со тоа како ја играат играта. Како ве третираат и почитуваат, атмосферата и стадионите. Па зошто да не? Можев да се видам себеси како тренер во Англија, дефинитивно, тоа е една од работите што би сакал да ги доживеам во кариерата, -рече Чави за „Тајмс“.


1 view

Commentaires


bottom of page