top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Чави: Ова не беше нормално, играа како да е меч од ЛШ!

Барселона и Арсенал одиграа пријателски меч во Лос Анџелес, меч кој заврши со осум гола и со победа на премиерлигашот од 5-3

Каталонците водеа со 1-0 и со 2-1, ама избраниците на Микел Артета имаа одговор, се враќаа во игра и потоа направија пресврт за конечен триумф.

Инаку ова за „топчиите“ беше петти подготвителен меч и тоа се виде на теренот, а тоа не му се допадна на тренерот на Чави Ернандес кој смета дека противникот играл со навистина висок интензитет за ваква средба или поточно според него ова било како натпревар за ЛШ.

-Ова беше многу добар натпревар за шоу, не толку за тренерите. Беше напред-назад. Забележано е дека тие шутираат повеќе од нас. Бевме нежни во одбраната. Му кажав на крајот од натпреварот (Микел Артета) дека изгледаше како натпревар во од ЛШ бидејќи интензитетот што го поставија не беше нормален за пријателски натпревар, но разбирам дека сите сакаат да победат. За нас тоа беше прв меч и дојдовме од вирус, -рече Чави и додаде:

-Не можевме да сметаме на Гави и Ленгле кои имаа проблеми. Луѓе кои играа на позиции кои не се нивни природни. Видовме позитивни работи, а други не толку многу. Тие беа многу позапалени од нас.

-Нашите не ме изненадија, нивните ме изненадија. Толку интензитет или толку тактички фаули не е нормално. Сите сакаме да се натпреваруваме, но ова е пријателски натпревар. Тие се со различно темпо на интензитет. Позитивни работи се забележани и генерално сум среќен освен со резултатот, заклучоците се позитивни, -порача тренерот на Барселона.

Наредната средба на Барса е против Реал Мадрид.


2 views

Comments


bottom of page