top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Чави: Не знам дали бев фер кон Пике, разговорот со него ми беше еден од најтешките денови во кариера

Барселона утре ја пречекува Алмерија на „Камп Ноу“ во редовното коло во шпанската Примера, но овој натпревар нема биде обичен како што се очекуваше, а причина за тоа е неочекуваната одлука која ја донесе Жерард Пике.

Искусниот стопер вчера ја информираше јавноста дека се повлекува од фудбалот и дека на натпреварот со Алмерија ќе стави крај на својата кариера, па по бројните реакции во јавноста, шпанските новинари едвај ја дочекаа стандардната прес-конференција Чави Ернандес.

Тренерот на Барселона не сакаше да потврди дали Пике ќе биде стартер на својот проштален меч, но затоа е свесен дека неговите одлуки како тренер влијаеле врз конечната одлука на Жерард да стави крај на кариерата. Чави му најави на Пике дека нема да биде во прв план уште изминатово лето и му ги отвори вратите за заминување од Барселона, за само неколку месеци подоцна, дефанзивецот да донесе одлука која никој не ја најавуваше.

– Утре играме против Алмерија и јасно е дека целиот фокус ќе биде насочен Жерард Пике. Тој ги заслужува сите пофалби од луѓето во Барселона. Имав среќа да бидам негов соиграч и негов тренер. Свесен сум дека околностите го натераа да го одлучи ова. Игра многу помалку од што е навикнат, не се смета доволно корисно и сака да се тргне настрана. Многу го почитувам. Имаше договор и можеше да продолжи да добива пари, но се одлучи за друго. Му посакувам се најдобро во животот и се надевам дека сите од Барселона ќе го вреднуваат каков што е, како легенда на клубот.

– Сите знаете дека имав разговор со него пред стартот на сезоната. Му кажав што мислам и кои ми се плановите, тоа беше еден од најтешките денови во мојата кариера. Тој ден морав да зборувам со него како тренер, а не како поранешен соиграч. Беше навистина тешко да се справам со тоа. Тоа се одлуки кои ги донесов за најдоброто на клубот. Би беше тешко, тој беше мој соиграч, го сакам многу, но јас размислував за доброто на клубот и институцијата. Не знам дали бев фер со него, но знам дека бев искрен и му го кажав тоа што мислев. Тој отсекогаш бил пример за тимот, никогаш немал лош израз на лицето, секогаш тренирал максимално. Бев искрен со него и тие околности направија да ја донесе оваа одлука.

– Секогаш бил добар соиграч, неверојатно е интелигентен и немам забелешка за ништо. Немам никаква замерка, донесов само фудбалска одлука пред стартот на сезоната. Немаше ништо лично во тоа, станува збор само за фудбал. Односот не ни е променет, немаме лош однос. Јас донесов одлуки за доброто на тимот и јасно е дека некој што бил сигурен стартер, не е задоволен од тоа, – изјави Чави.


2 views

Comments


bottom of page