Чави му симна капа на капитенот на Бетис: Тој е едно од најдобрите крила кои ги имам видено во живот
Чави Ернандес не сака да го слушне терминот „завршена работа“ и бара од своите играчи да бидат професионални на секој натпревар во Ла Лига, бидејќи мало опуштање може да донесе резултат како оној против Рајо Валјекано пред два дена.
По поразот на гостувањето во Мадрид, Барселона сега повторно се враќа на „Камп Ноу“ и ќе го пречека Бетис на домашен терен, но говорејќи за противникот, тренерот на Барса посебно истакна едно име кое беше доста активно во изминатите седум дена.
Хоакин Санчес објави дека заминува во пензија по крајот на сезоната и дека става крај на едно дводецениско патување, од кое беше дел и Чави Ернандес како негов соиграч во шпанската репрезентација.
– Хоакин ќе го паметиме по многу нешта, но јас најмногу ќе го паметам по личноста. Тој беше неверојатен играч, но тој е уште поневеројатна личност. Тој е едно од најдобрите крила кои ги имам видено во животот.
– Секогаш сум мислел дека тој можеше слободно да игра во Барселона. Тој е позитивна личност, насмеан и забавен. Добар соиграч, голем работник и голем професионалец. Секогаш сум насмеан кога зборувам за него, бидејќи секогаш ми текнува на неговата насмевка, – изјави Чави.
Comments