Чави и Лапорта: Жалиме за двајцата играчи на Барса, но Меси е најголем во историјата
Лионел Меси добива честитки од сите страни ширум светот за освоената светска титула со Аргентина, а во низата позитивни пораки се јавија и луѓето кои во моментов имаат најголемо значење во Барселона.
Тренерот Чави Ернандес и претседателот Жоан Лапорта со огромно задоволство го испратија историскиот успех на Меси, кој сега прави во својата богата колекција да го има и трофејот кој единствено му недостасуваше.
Меси како капитен на Аргентина се закити со „Златната Божица“ и вчера ја подигна во Катар, но пред да дојде до главното славје во Буенос Аирес, доби искрени честитки од својот поранешен клуб.
– Вчерашното финале беше неверојатно возбудливо за фудбалските фанови, едно од најдобрите кое некогаш сум ги гледал. Сметам дека Аргентина беше подобра и заслужи да победи. Жалам за Дембеле и Кунде кои беа многу блиску до титулата, но мора да му се честита на Меси. Сега го има толку посакуваниот мундијал, нешто што не смееше да недостасува во неговата кариера. Меси е најдобар во историјата и тој е мој пријател, – порача Чави, а се обрати и Лапорта.
– Меси го заслужи ова, тој е најдобар на сите времиња. Конечно дојде до историска правда. Ќе бевме задоволни ако титулата ја освоеја нашите Дембеле и Кунде, но кариерата на Меси мораше да заврши со светска титула, нешто по кое беше во потрага толку долго, – изјави Лапорта.
Comments