Чави за одлуката за напуштање на Барселона: Не уживам во својата работа
02.02.2024 Februari Petok
Чави Ернандес веќе ја соопшти одлуката дека ќе ја напушти Барселона по крајот на сезоната, а во последната изјава за медиумите повторно зборувал на оваа тема, посочувајќи ја главната причина да се раздели со актуелниот шпански првак.
Тренерот ќе замине во јуни иако има договор и за следната сезона, а го објаснува потегот со големиот притисок и неможноста да ужива во својата работа.
– Веќе две и пол години сум тука и не чувствувам дека постои компензација за тренерската работа во Барселона.
– Се бориш против многу работи и тоа те троши, не уживаш во секој ден.
– Во другите клубови не е така. Тренерот на Осасусан, Арасате ми кажа дека ужива од понеделник до петок. Јас не уживам и тоа е голема разлика, јас не уживам од понеделник до петок. Во другите земји тренерите повеќе уживаат во својата работа, а и нашите постигнати резултати се ценат повеќе, – рекол Чави.
Comments