Чави за иднината на Меси: Би се обложил…
02.07.2021 Juli Petok
Лионел Меси од 1 јули е слободен играч, односно му истече договорот со Барселона и сега се има во свои раце кога е во прашање неговата иднина.
Напаѓачот во моментов е фокусиран на Аргентина и настапот на Копа Америка, меѓутоа клупското прашање ќе мора да го реши затоа што како што ќе минува времето ќе има повеќе информации, гласини, шпекулации и ќе расте притисокот.
Барса секако е најголем фаворит за да одново го добие неговиот потпис, меѓутоа и ПСЖ има што да каже на оваа тема, па затоа ќе биде интересно додека Меси не ја соопшти конечната одлука. Околу оваа тема своето размислување го сподели легендарниот Чави Ернандез кој долго време соработуваше со Лео на „Камп Ноу“.
-Ова се околности на пазарот, мора да почекаме. Претпоставувам дека разговара со клубот и претседателот. Му поскаувам се најдобро на Лео каков негов пријател и како куле. Му посакувам да продолжи во Барса, се надевам дека ќе може да се објави што е можно поскоро.
-Ако треба да се обложам ќе кажам дека тој ќе продолжи во клубот, иако во фудбалот се зборуваа многу работи, но би рекол дека ќе продолжи. Лео и е потребен на Барселона и Барса му е потребна на Лео. Тој е среќен во Барселона, таму го мина својот живот. Јас би се обложил на тоа дека ќе ја обнови соработката, -порача Чави.
Comments