top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Чави го чека хаос во Барселона, ќе успее ли да го среди?

Шпанската фудбалска легенда Чави Хернандез се врати дома и ќе ја води Барселона како тренер, но на кормилото на некогашниот првак не го чека баш лесна задача... По презентацијата Чави веднаш се фати за работа, но од стартот се соочува со многу проблеми кои ќе треба да ги елиминира чекор по чекор. Главниот проблем на Барселона се повредите. Вкупно единаесет играчи се жалат на повреда или на умор и не може да се претстават пред Чави во полна сила или да тренираат во полн ритам. Само на мечот против Селта изминатиот викенд, тројца го напуштија дуелот порано од предвиденото, тоа се Ерик Гарсија и Ансу Фати кои се повредени, како и Нико Гонзалез кој беше уморен. Плус, хендикеп е што на стартот на авантурата во Барселона, Чави нема да може да смета на играчите од националните тимови кои ќе бидат отсутни десетина дена, што ќе се одрази на подготовките за деби-настапот. Чави наследи тим кој не го составуваше по своја желба, во моментов е во тешка ситуација во групната фаза во Лигата на шампионите, додека во Примера е на деветтото место со нарушена самодоверба. Шпанскиот стратег ќе добива помалку пари како тренер на Барселона отколку што заработуваше во Ал-Сад во Катар, па со тоа се отвора и прашањето дали челниците на клубот ќе му овозможат квалитетен зимски преоден рок ако тој го побара тоа. Дебито на 41-годишникот на кормилото на Барселона ќе биде на 20 ноември против градскиот ривал Еспањол.




2 views

コメント


bottom of page