Чави го воочи најголемиот проблем на Барселона: Судиите не ни помагаат, но треба да бидеме и самокри
Чави го воочи најголемиот проблем на Барселона: Судиите не ни помагаат, но треба да бидеме и самокритичниБарселона не задоволува со понудените партии во последно време и променливите резултати направија тимот на Чави да падне на четвртото место на табелата, а последното реми со Рајо Валјекано донесе и голема фрустрација кај тренерот Чави Ернандес.
Претставниците на Барса бараа два недосудени пенали врз Рафиња и Левандовски во ремито од 1:1, но времето минато во поплаки не носи ништо позитивно, бидејќи Чави веќе мора да се насочи на предизвикот во Лигата на шампионите.
Барселона ја чека важна пресметка со Порто на која може да се обезбеди пласман во осминафиналето, но пред дуелот, Чави говореше за позитивните и негативни страни во неговиот тим.
Тренерот потенцираше дека најголем проблем за Барса во моментов е слабата реализација, поради тоа што статистиката вели дека неговиот тим е оној кој создава најмногу шанси во Ла Лига.
– Не е оправдување, но немаме среќа со судиите. Потоа вие велите дека се правдам со изговорите, но некои работи се очигледни. Треба да играме подобро и треба да бидеме самокритични, но вистината е дека многу судиски одлуки беа донесени против нас. Немавме среќа со судиите.
– Ние сме тимот кој создава најмногу шанси во Шпанија, но главен проблем ни е ефикасноста. Тоа е квалитет за кој ви е потребна самодоверба. Ни недостасува самодоверба во моментов и тимот има проблеми да одржи исто темпо во период од 90 минути, – изјави Чави.
Comentarios