Црни седум минути за Пелистер го упропастија гостувањето во Подгорица
15.10.2024 Oktomvri Vtornik
Пелистер одигра одлични три четвртини против Подгорица во Црна Гора и напорно градеше пат за да стигне во ситуација да триумфира, а кога се чинеше дека е блиску до тоа, македонскиот претставник „си пукаше во колено“.
По стартната победа во АБА2 лигата, Пелистер играше со голема самодоверба во Подготица и имаше предност од 6 поени по 30 минути игра, а со поени ја стартуваше и последната четвртина за водство од +8.
За жал, ова беше последниот добар период од играта на битолчани на овој натпревар, бидејќи потоа следеше црн период во кој не постигнаа кош речиси седум минути, што очекувано резултираше со болен пораз.
Подгорица го искористи големиот пад и направи пресврт на домашен терен, па на крајот славеше и кaмотно со 90:79.
Серијата од 13:0 беше пресудна за пораз на македонскиот тим, кој дефинитивно има за што да жали во првиот сезонски пораз во АБА2 лигата.
Едвардс со 24 поени и 8 скокови беше прво име во поразениот табор, Мишковиќ уфрли 12 поени, а Антоан два помалку.
Comments