top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Црн понеделник во Италија: Почина Дон Силвио Берлускони

Стартот на новата работна недела носи навистина разочарувачка и тажна вест од Италија, бидејќи сите угледни медиуми од Апенините рано утрово ја пренесоа веста за смртта на Силвио Берлускони.

Легендарниот фудбалски газда и поранешен италијански премиер починал рано утрово во 86-та година од својот живот, откако неговото здравје значително беше нарушено во последните неколку месеци.

По детекцијата на сериозна инфекција на белите дробови, Берлускони беше задржан во болницата Сан Рафаеле во Милано и потоа беше соопштено дека се бори со леукемија, а неколку седмици подоцна, за жал пристигна најлошата вест.

Дон Силвио оствари голем печат во политичкиот и фудбалскиот свет и неговиот живот беше проследен со неколку скандали и турбуленции, но наследството кое го остава во фудбалот вечно ќе го паметат навивачите на Милан.

Берлускони го водеше Милан во златната ера на великанот од „Сан Сиро“, а последен негов проект беше Монца, клуб кој за првпат во историјата го однесе во Серија А.


0 views

Comments


bottom of page