Search
„Црвено-црните“ во ново руво: Вардар ги промовираше дресовите за натпреварувачката 2021/2022 (ФОТО)
Двократниот европски шампион и актуелен македонски првак, Вардар денеска ги промовираше дресовите во кои ќе настапува во натпреварувачката 2021/2022.
За новата униформа на „црвено-црните“ се погрижи бредот „Хумел“ на кого му е вообичаена пракса да го менува изгледот, моделот на секои две години. Во улога на манекени беше Едуардо Гурбиндо, Бакари Диало и голманот Али Сафар од летните заслувања, а од староседелците тука беа Тимур Дибиров и Филип Талески.
Вардар ќе дебитира со новите дресови на турнирот во Германија, додека првите официјални, компетитивни дуели ќе ги има против ППД Загреб во четвртфиналето на СЕХА лигата.
Opmerkingen