top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Црвениот тепих во Битола ги очекува филмските работници

16.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Вечерва во Пациото на Заводот и Музеј Битола почнува 42. издание на интерационалниот фестивал на филсмаката камера „Браќа Манаки“.

Овојпат, за разлика од сите претходни години, црвениот тепих ќе биде послан пред зградата на Заводот и Музеј.

Фестивалот, чиј покровител е претседателот на државата Стево Пендаровски, ќе биде отворен со традиционалното доделување на наградите „Златна камера 300 за животно дело“ и „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, а потоа премиерно ќе биде прикажан филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума.

На ова издание на фестивалот љубителите на филмската уметност ќе им понуди одлични десет долгометражни и десет кратки филмови, кои ги селектираа Слаѓан Пенев и Даријан Пејовски.

Во рамките на фестивалот ќе се одржат работилници со Кристијан Бергер, Џослин Пук и Грег Малканџи, но паралено со оваа програма, богатство од настани нуди и оф-програмата која почна со проектот „Наследниците на Манаки“, под менторство на Марија Џиџева, па продолжува со „Мети си со класнето“, а следуваат проектите „Живи слики“, изведба на филмска музика на Широк сокак, пантомима перформанс, изложба на колекционерски винили и цедиња…

М.М.


1 view

Commentaires


bottom of page