top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Црвената фурија“ е разбуди во второто полувреме и дојде до првиот полуфинален билет на ЕП

Репрезентацијата на Шпанија е првиот патник во полуфиналето на 41. Европско првенство и тоа откако вечерва во Берлин ја реши селекцијата на Финска со 100-90.

Финците имаа супер прво полувреме во кое успеаа да постигна дури 52 поени (52-43). Ова го разбуду фаворитот кој по паузата заигра многу поагресивно во одбраната, но и многу подобро во нападот, па ја преземе играта и потоа резултатот во свои раце за место меѓу четирите најдобри на стариот континент.

Избраниците на Скариоло го добија третиот период со 15 разлика (30-15) што им овозможи да го скршат отпорот на финската селекција која во завршните десет минути немаше сила за да и зададе нов удар на „црвената фурија“.

Браќата Вили и Хуанчо Ернангоме искомбинираа 32 поени, а одличен од клупата беше Бризуела со 15 кошеви. Кај поразените стандардно најефикасен беше Марканен со 28 кошеви.

Шпанија во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од Германија-Грција.


2 views

Comentários


bottom of page