Search
„Црвена линија“ секој ден на Телма
24.09.2021 Septemvri Petok
Од средата во 17.30 часот, на ТВ Телма почна да се емитува втората сезона на контактната емисија „Црвена линија“, со водителите Тина Таутовиќ и Теодор Стојанов-Тео.
Секој ден ќе ви објавуваме тема на денот, а ваше е да бидете максимално активни на нашите социјални мрежи (Фејсбук, Инстаграм, Твитер), со ваши објави за темата на денот. Најлајкуваните, најсподелуваните слики околу темата ќе бидат објавени во емисијата и ќе добијат награди. Она што ви ветуваме е интересни гости, разговори, награди, и многу забава – напишаа творците на емисијата на социјалните мрежи.
Тема на првата емисија беше како се додворувате или „стартувате“, жаргон на новата генерација.
Comentarios