Црвена Звезда потврди дека ќе биде предводена од шпански тренер
- Aleksandar Santovski
- 3 days ago
- 1 min read
12.06.2026 juni Petok
Кошаркарската секција на Црвена Звезда не ги оправда очекувањата на раководството и фановите со резултатите од последната сезона, па отказот за тренерот Саша Обрадовиќ не беше големо изненадување, а донесе и нова потрага по предводник на „црвено-белите“.
Српскиот тим повторно ќе има странски тренер, а овојпат се работи за Ибон Наваро, тренерот кој досега го предводеше тимот на Уникаха.
Наваро четири сезони работеше со составот од Малага, а претходно бил тренер и на Андора, Мурсија, Манреса и Басконија.
Шпанскиот стручњак ќе треба да го врати тимот на посакуваните позиции во домашните натпреварување и АБА лигата, но најважно и да ги реализира амбициите на „црвено-белите“ во Евролигата, каде последната сезона не беа исполнети очекувањата имајќи го предвид ростерот и клупскиот буџет.
Со Наваро, Црвена Звезда ќе има шпански тренер, исто како и најголемиот ривал Партизан, на чија клупа седи Жоан Пењароја.






Comments