top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Циципас сака да го тргне Ѓоковиќ од врвот: Тоа е мојот следен чекор

17.08.2021 Avgust Vtornik

Стефанос Циципас од неодамна ја зазема третата позиција на АТП листата, односно го надмина Рафаел Надал. Ова секако донесе големо задоволство кај најдобриот грчки тенисер кој не планира тука да застане и следната негова цел е да дојде до првото место кое веќе подолго време го држи Новак Ѓоковиќ. -Многу е значајно да се видите на третото место. Тоа беше мојата цел на почетокот на сезоната, а сега ќе морам да останам на тоа место и постојано да освојувам поени секоја недела. Мала е разликата меѓу второто и четвртото место. -Се разбудив во понеделник пред неколку недели и некој ми рече дека сум стигнал до третото место на АТП ранг листата. Не знаев каков резултат мораше да постигне Надал, бидејќи не ја следев приказната, но добро се чувствував. Рангирањето е важно и нешто покажува. Следниот чекор е местото број 1 и се надевам дека еден ден ќе успеам, -рече Циципас кој не можеше да даде јасен одговор за тоа што е подобро, титула на грен слем или прво место на АТП листата. -Тоа е добро прашање (се смее). Со грен слемот имате поголеми шанси да стигнете до број 1. Победата на грен слемот може да донесе многу поени, самодоверба и на крајот таа позиција, -заврши Гркот.


1 view

Comments


bottom of page