top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Циципас исвиркан поради долг престој во соблекувалната

03.09.2021 Septemvri Petok

Третиот носител на САД Опен, грчкиот тенисер Стефанос Циципас, обезбеди пласман во третото коло на грен – слем турнирот во Њујорк со победа над Французинот Адријан Манарина 6-3, 6-4, 6-7, 6-0, но гледачите на „Артур Еш“ стадионот го исвиркаа поради долг престој во соблекувалната меѓу третиот и четвртиот сет.

Циципас ги прекина дуелот и помина седум минути во соблекувалната, пред да се врати на теренот дочекан со негативни реакции од публиката, но тоа не го вознемири и го остави Французинот без освоен гем во четвртиот сет

– Не сторив ништо погрешно и затоа не ја разбирам ваквата реакција. Немам ништо против оние кои негодуваа. Ги сакам навивачите. Меѓутоа, некои луѓе тоа не го разбираат. Не играле тенис на високо ниво, па затоа не можат да разберат колку напор е потребно и колку е тешко тоа што ние го правиме. Понекогаш ни е потребен краток одмор за да можеме да го работиме тоа што го работиме, изјави Циципас, кој во третото коло на УС Опен ќе игра против Шпанецот Карлос Алкараз.


5 views

Comentários


bottom of page