Циципас излезе со своја теорија за „најголемиот играч на сите времиња“ и го заборави Ѓоковиќ
Стефанос Циципас беше доста разочаран по поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен и тогаш порача дека Србинот најверојатно е најдобриот играч кој некогаш фатил тениски рекет, но сега Гркот вели дека најдобриот светски тенисер не е најголем на сите времиња.
Циципас пред неколку дена загуби од Алкарас во финалето во Барселона, но се уште е во Шпанија и сега се подготвува за првиот предизвик на турнирот од АТП Мастерс серијата 1000 во Мадрид.
Тоа и овозможи на угледната „Марка“ да одработи ексклузивно интервју со Гркот, кој излезе со свои параметри за тоа по што треба да се мери најдобриот играч на сите времиња
– За мене, „ГОАТ“ не е оној кој има освоено најмногу турнири, најмногу грен слем трофеи или има победено на најмногу мечеви. За мене најголем на сите времиња е личноста која ги привлече луѓето кон тенисот, оној кој го однесе овој спорт неколку скалила погоре.
– Тука мислам на личноста која инспирираше многу луѓе да направат нешто во својот живот, човекот кој донесе забава кај фановите. Во таков случај, за мене најголем е Рожер Федерер, а потоа Рафаел Надал, – вели Циципас.
Comentarios