Циципас го прекина мечот поради неверојатна ситуација: Ова никогаш не ми се случило во кариерата (Ви
Стефанос Циципас не направи ниту еден брејк во дуелот со Бен Шелтон и двата сета имаа тајбрејк завршница, но Гркот беше поуспешен во клучните моменти и славеше со 7:6 и 7:6. Циципас се пласираше во осминафиналето и таму ќе ги одмери силите со Хуркач, но пред да дојде до тој дуел, Стефанос уште долго ќе се сеќава на она што му се случи вчеравечер. Фановите во Синсинати често знаат да бидат гласни и доста бучни за време на паузата меѓу поените, но сепак Циципас доживеа нешто што навистина не се гледа секој ден. Една госпоѓа имитираше звуци на инсекти од трибините и целосно го деконцентрираше Циципас, кој почна и да мавта со рекетот мислејќи дека има нешто околу него. На крајот, Циципас сфати дека „бзззз“ криците доаѓаат отпозади, па случајот го пријави кај главниот судија. – Ова никогаш не ми се случило во кариерата, – порача Циципас кој бараше отстранување на госпоѓата, која подоцна му се извини и сепак остана на своето место.
Comments