Циципас го одбра Србинот и посочи која е разликата меѓу Ѓоковиќ и Надал
Стефанос Циципас е еден од најдобрите светски тенисери, ас кој не може да се споредува со великаните како што се Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, но тој е доволно долго на сцената и имаше време да се соочи со двајцата, да согледа некои разлики, да направи споредба.
Гркот го стави Ѓоковиќ пред Надал, поточно порача дека ја претпочита рутината на Новак и се што прави во однос на закрепнување меѓу натпреварите.
-Ги гледав неговите рутини. Видов колку е посветен на се што прави. Работи како часовник. За него е сосема нормално да игра на ова ниво. Не сакам да кажам ништо лошо за Надал, но неговите различни рутини во кариерата доведоа до повреди и му се случува се што знаеме. Новак тоа го избегна. Неговата исхрана е најневеројатната работа во тенисот, неговото закрепнување е најнапредното што сум го видел и јас земав дел од тоа и го додадов на мојата игра и тенис. Некој би помислил дека на оваа возраст ќе падне, што е нормално, но тоа не е така, -истакна Циципас за кого нема дилема дека Ноле е број еден фаворит за пехарот во Лондон.
-Некако го има тој трофеј во џебот, тоа е вистина. Сакам како луд да му се одмаздам и да покажам дека сум способен да направам нешто големо. Тој успеа да го пронајде тајниот рецепт за освојување на секој грен слем. Успева на секој турнир да оди далеку без никаков проблем против никого. Игра како часовник, -заклучи петтиот светски рекет.
Comments