top of page
Search

Цибона повторно се соочува со проблеми, МЗТ може да ја замени во АБА лигата

22.07.2024 Juli Ponedelnik

Најдобриот македонски клуб, МЗТ Скопје може да биде дел од најквалитената регионална АБА лига во натпреварувачката 2024/2025.

„Металците“ веќе ги добија ривалите за првата фаза од АБА2 лигата, но финансиските проблеми со кои се соочува Цибона можат да му отворат пат на клубот од Аеродром да напредува, добие место во елитата во ова натпреварување.

Хрватскиот клуб веќе неколку години се мачи кога се во прашање финансии, па ако не се најде некое решение тогаш може да остане без местото во АБА лигата.

На следната седница на оваа организација ќе се разговара за ова прашање и останува да се види дали МЗТ може да добие нешто од актуелната ситуација и во следнава кампања да го гледаме на дуели со Партизан, Црвена Звезда, Будуќност, Цедевита Олимпија…


0 views

Comments


bottom of page