top of page

Цесар: Добро го познавам Седлоски, Македонија неслучајно е во Лигата Б Македонија-Словенија фудбал лига на нации 2026-2027

Sep 28
2 min read

28.09.2026 Septemvri Ponedelnik

Македонија замина за Љубљана како ранет лав после лошото издание против Швајцарија на „Тодор Проески“, додека Словенија ќе игра втор натпревар по ред на домашен терен, неколку дена по ремито со Шкотска на кое избраниците на Боштјан Цесар покажаа две лица.

Словенечкиот селектор по последниот натпревар заклучи дека некои играчи не се во оптимална физичка состојба за да играат 90 минути, а бидејќи работата не може да се промени за само три дена, не очекува чуда на таа тема на натпреварот со Македонија.

– Играчите работат со тренерите во своите клубови, иако би сакал да бидат во најдобра можна физичка форма, се соочуваме со одредени проблеми. Во физичка смисла, не можеме ништо да направиме чудо за само неколку дена. Сепак, ние како стручен штаб можеме ментално да ги подготвиме играчите на на највисоко ниво за новиот предизвик.

Цесар добро го познава Гоце Седлоски од времето кога двајцата беа соиграчи во Динамо Загреб, а сега за првпат ќе се соочат како ривали од клупата.

– Ако сме физички и ментално подготвени, верувам дека можеме да победиме. Сум играл заедно со нивниот селектор Седлоски. Се сретнавме по ждрепката за групите, а потоа и летово кога имавме можност и подолго да поразговаравме. Добро го познавам, а исто така направивме темелна анализа на противникот. Затоа со нетрпение го очекувам утрешниот натпревар, – вели Цесар пред тренерскиот дуел со неговиот поранешен соиграч.

– Македонија игра добро во последните години, настапија во баражот за Светското првенство и заслужено се во Лига Б во Лигата на нации. Тие се добра репрезентација со врвни поединци. Мораме да бидеме физички добро подготвени. Гледајќи во тој поглед, натпреварот нема да биде ништо полесен од оној кој го игравме против Шкотска. Мораме да бидеме прецизни во нападот, а истовремено внимателно да ги следиме нивните напаѓачи, кои не се враќаат во одбрана и постојано демнат за контранапади. Ќе мораме да бидеме беспрекорни во двете фази од играта, – заврши Цесар.


 
 
 

Comments


bottom of page