top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Целодневен џез-хепенинг „Today It’s All About Jazz Vol.8“ во паркот „Ибни Пајко“

30.04.2024 April Vtornik

Осмото по ред издание на целодневниот џез-хепенинг „Today It’s All About Jazz Vol.8“, со кој се приклучуваме кон глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот, ќе се одржи на 30 април, со почеток во 13 часот, во паркот „Ибни Пајко“. Годинава, на сцената ќе ги видиме: „Сашко Николовски септет“ (МК), „Фани Поса квартет“ (ХУ/СРБ/ДЕ), Гоце Стевковски – Богданци Реунион квартет (МК), „Лана Јањанин квартет“ (ХР), Џијан Емин и Магичниот оркестар (МК), „Карлос Сардуј грув месинџерс“ (Куба).

„На настапите им претходи работилницата ‘Џез за деца’, која се одржува секоја година, наменета за деца од 3 години, па нагоре, на која најмладите ќе имаат можност да се запознаат со музичките инструменти што се користат во нашиот оркестар, како и да учествуваат во заедничка композиција“, посочуваат од Националниот џез-оркестар.

Оваа меѓународна манифестација, поддржана од генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулеј, и од легендарниот џез-пијанист и композитор Херби Хенкок, кој е амбасадор на УНЕСКО за меѓукултурен дијалог и претседател на Институтот за џез ‘Херби Хенкок’, секоја година поврзува заедници, училишта, уметници, историчари, академици и џез-ентузијасти ширум светот да слават и да научат нешто повеќе за џезот и неговите корени, за неговите иднина и влијание, истакнувајќи ја потребата од меѓукултурен дијалог, меѓусебно разбирање и зајакнување на меѓународните соработка и комуникација.

Секоја година, на 30 Април, џезот, како меѓународна уметничка форма, е препознаен како алатка за промовирање мир и дијалог меѓу културите; почитување на различноста, човековите права и достоинство; алатка за искоренување на дискриминацијата; негување на родовата еднаквост и промовирање на слободата на изразување.


1 view

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page