top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Цветин додели 150 цртежи со рози на рецитал посветен на Гоце Делчев

Рецитал посветен на македонскиот револуционер и учител Гоце Делчев се одржа денес на пладне во Градскиот парк пред споменикот на Гоце Делчев. Манифестацијата е во организација на македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“- Скопје, заедно со здружението за просветни работници на град Скопје.

Сликарот и хуманист Живко Поповски – Цветин на присутните им додели 150 цртежи со рози, а славната порака „Јас го разбирам светот единствено како поле за културно натпреварување меѓу народите“, Цветин ја дополни со „цветно поле“.

– Секоја година го одбежележуваме денов, меѓутоа годинава е јубилејна, па најголемиот револуционер заслужува нешто подостоинствено. Сликата што ја изложив денес, која е долга четири метри и десет сантиметри, традиционално ја изложувам. Ја носев на мостот „Гоце Делчев“, па ја носев на гробот на Гоце Делчев, па ја однесов на плоштадот „Гоце Делчев“, па во основното училиште „Гоце Делчев“, па во Штип на универзитетот „Гоце Делчев“, и во Ново Село каде што тој учителствувал, и на автопатот „Гоце Делчев“… – раскажува Цветин.

На настанот учество зазедоа триесеттина учесници, меѓу кои Mендо Димовски, Билјана Ѓоревска, Лидија Лучко – Јеремиќ, Ванѓа Радевска, Лилјана Стоилкова, Викторија Велева, Катерина Митковска, Ѓорѓи Ѓеоргиевски, Валентина Ѓоргиевска – Парго, Илко Димитриевски. Хорот „Серенада“ од Скопје ја изведе и химната на Македонија.






3 views

Comments


bottom of page