Search
Цветановска „избришана“ за утрешната трка во скијатлон
Македонија требаше утре да го започне настапот на Зимските Олимписки Игри во Пекинг и тоа преку Ана Цветановска која требаше да не претставува во дисциплината скијатлон во нордиско трчање, но тоа нема да се случи поради моменталната ситуација со КОВИД-19 и големиот број на пријавени натпреварувачи на утрешната трка.
Имено МОК ја пренесе одлуката на ФИС (Меѓународната скијачка федерација) која решила само само лимитиран број на спортисти во женска конкуренција да настапат на оваа трка, а со оглед на тоа што има поголем број на натпреварувачи со подобри резултати од Цветановска таа нема да може да настапи на овој настан.
Comments