Цветановска го освои 95. место на крос-кантри трката на ЗОИ во Пекинг
- Aleksandar Santovski
- Feb 10, 2022
- 1 min read
акедонската олимпијка Ана Цветановска го освои 95. место на крос-кантри трката на Олимписките игри во Пекинг.
Цветановска дебитираше во кинеската престолнина во трката на 10 километри, а на крајот зад себе имаше само три натпреварувачки со послабо време.
Нашата претставничка ја заврши трката за 39:57.5 минути, а златниот медал го освои Норвежанката Тереза Јохауг, која претходно триумфираше и на скиатлон трката 7,5 км + 7,5 км која се одржа на 5. февруари.
Победничката ја завршила трката со речиси 12 минути подобро време од нашата претставничка, а среброто и бронзата завршија кај Керту Нисканен и Криста Пармакоски од Финска.
Цветановска не настапи на таа трка поради големиот број пријавени натпреварувачки, со што денешното појавување на патеката ќе и биде единствено на овие Зимски олимписки игри.

Comments