top of page

Хјулманд: За мене, малку е сè или ништо против Макеонијаквалификации за светско 2026 фудбал

25.03.2026 Mart Sreda

Мортен Хјулманд говореше пред медиумите во име на екипата на Данска пред баражот со Македонија за место во финалето. Целта на играчот е јасна, победа и место во мечот кој ќе го даде патникот на СП 2026.

„Како играч, многу значи да се стигне до финалето. Добивањето уште едно искуство на толку голем турнир со данската репрезентација е еден од моментите на кои ќе се осврнам кога ќе заврши мојата кариера еден ден. За мене, малку е сè или ништо. Јасно е дека има нов голман и четири нови дефанзивци, но и покрај тоа, не се сомневам ниту секунда дека се подготвени да се справат со задачата, инаку селекторот немаше да ги избере. Лично, се чувствувам добро. Навикнат сум да имам два натпревари неделно и треба да се опоравам. Го направив тоа, така што не е проблем.“, изјави Хјулманд.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра на „Паркен“ од 20:45 часот во четврток.

ДанскаДанска МакедонијаМакедонија


 
 
 

Comments


bottom of page