top of page

Хју Лори донесе крими-мистерија на Агата Кристи на ТВ

Британскиот актер Хју Лори, најпознат по улогата на ексцентричниот доктор во ТВ-серијата „Хаус“, го прикажува на екранот, како што вели, својот омилен роман од Агата Кристи во новата ТВ-серија „Зошто не Еванс?“ Мини-серијата во три дела е напишана, продуцирана и режирана од Лори, кој глуми и во споредна улога. „Романот е моја страст веќе долго време“, изјави 62-годишниот Лори за „Ројтерс“ во пресрет на дебито на серијата. „Колку повеќе размислував за тоа, толку повеќе уживав во идејата да се обидам да го донесам на малите екрани она што сметам дека има дух на комична авантура.“ Книгата на Кристи, „Зошто не Еванс?“ првпат беше објавена во Обединетото Кралство во 1934 година. Романот и ТВ-серијата го следат љубезниот Боби Џонс (Вил Полтер), кој наоѓа човек на умирање во близина на карпите на велшкиот брег. Странецот успева да го изговори загонетното прашање од насловот пред да почине.



 
 
 

Comments


bottom of page