Хрватското „Око соколово“ за најважната одлука на Орсато: Пенал како куќа!
Хрватските фанови му се лути на Даниеле Орсато што досуди пенал за Аргентина, насочувајќи го полуфиналниот натпревар во полза на противникот.
Италијанецот покажа на белата точка по дуелот на Ливаковиќ и Алварез, а голем број експерти сепак се убедени дека хрватскиот голман непрописно го запрел аргентинскиот напаѓач и „гаучосите“ заслужиле пенал.
Таков став има и Матео Беусан, експертот кој во регионот е познат како поранешно „Око соколово“ во студиските емисии на ХРТ, а сега бил прашан за мислење за ситуацијата од страна на „Индекс“.
За разлика од други хрватски судиски експерти, Беусан е убеден дека Аргентинците го заслужиле пеналот.
– Не знам како воопшто има дилема, ова е стопроцентен пенал.
– Објаснете ми што прави Ливаковиќ со десната нога? Без разлика на интензитетот на стартот, тоа е пенал како куќа. Можеме да бидеме благодарни што Орсато не му покажа црвен картон на Ливаковиќ, – истакнал Беусан.
Comments