top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Хрватскиот пијанист Звјездан Ружиќ го отвори „Скопско лето“

24.06.2024 Juni Ponedelnik

Повеќепати наградуваниот хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ настапи на отворањето на „Скопско лето“ во преполниот „Куршумли-ан“.

– На неговиот роденден, на Светскиот ден на музиката, Звјездан Ружиќ и неговиот проект „Пијанотрон“ ја почестија публиката во Скопје со вечер за паметење. Покрај тоа што публиката уживаше во авторската музика на Ружиќ, проследена со кратка приказна за секоја композиција, пријатниот амбиент во „Куршумли-ан“, големо изненадување за публиката беше настапот на Влатко Стефановски заедно со Звјездан, изведувајќи една авторска композиција на Звјездан и „Елено ќерко“ во еден нов, суптилен и несекојдневен аранжман, кој ги стопли срцата на сите присутни – велат организаторите.

Пијанотрон е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои Звјездан свири. Тој го опишува пијанотрон како еден вид филмска музика, украсена со влијанија од џезот, класичната, поп, рок и етномузиката

– Отворањето на 45. издание на фестивалот „Скопско лето“, со својата оригиналност, специфичност и квалитет, како настан ќе остане врежано во колективната меморија на присутните скопјани, но и на сите оние што се најдоа во Скопје и решија токму оваа топла вечер да ја поминат токму овде, во „Куршумли-ан“, сместени помеѓу содржините на,,Скопско лето“ – велат од фестивалот.

И годинава, на ова јубилејно издание, преку кое полека се доближуваме кон половина век постоење на манифестацијата, ќе имаме можност скопските летни вечери да ги поминуваме со културните настани предвидени во програмата, кои, веруваме, со истиот интензитет ќе остават траги во нашите сеќавања, како и оние од сите изминати години.


0 views

Comments


bottom of page