Хрватскиот музичар за Селин Дион: Ние сме си фанови еден на друг, едвај чекам да направиме дует фото и видео
26.06.2024 Juni Sreda
Селин Дион и Стјепан Хаусер / Фото: Инстаграм/Стјепан Хаусер
Хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер (38) неодамна одржа концерт во Лас Вегас, а светски познатата пејачка Селин Дион (56) беше меѓу бројната публика.Добиј ги најважните вести, Музичарот ја отсвирил нејзината песна „My Heart Will Go On“, а Дион била особено трогната од изведбата. Кога песната завршила, таа станала со остатокот од публиката и ентузијастички му аплаудирала на Хаусер. Во еден момент сфатила дека аплаузот на публиката не е само за Хаусер, туку и за неа, па почнала да врти лево-десно околу неа и да ѝ се заблагодарува.
Хаусер сега објави видео од нивната средба и најави заеднички дует со Дион.„Ние сме си големи фанови еден на друг! Трпеливо го чекам нашиот дует и знам дека таа ќе се врати на сцената посилна од кога било, бидејќи има само една Селин“, напиша тој во својата најнова објава.
Comments