top of page
Search

Хрватска направи пресврт, но Албанија си обезбеди бод со гол во 95. минута (Видео)

19.06.2024 Juni Sreda

Фудбалската репрезентација на Хрватска одигра катастрофално прво полувреме, но успеа да наметне свој ритам во продолжението на мечот со Албанија, реализираше целосен пресврт, но тоа не беше доволно за прва победа (2:2) на ЕП во Германија.

Слично како и на соочувањето со Италија, Албанците го почнаа натпреварот мотивирани и желни да го отворат резултатот, а тоа го остварија веќе во 11. минута од дуелот.

Лачи успеа да го совлада Ливаковиќ, кој не реагираше баш најдобро во оваа ситуација, а таа предност можеше да биде и поголема до крајот на првиот дел.

Хрватите ја преземаа иницијативата во продолжението, а направија пресврт за нецели три минути. Најпрвин Крамариќ израмни откако се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник во 74. минута, за во 76. минута нападот на „коцкестите“ да заврши со автогол на Ѓасула и целосен пресврт.

Албанија не се откажа од позитивен резултат и трагичарот Ѓасула се претвори во херој, постигнувајќи гол за израмнување во 95. минута од средбата.

Двете селекции стигнаа до првиот бод во групната фаза на ЕП, па од иста позиција ќе го чекаат третото и последно коло во овој дел на турнирот.



0 views

Comments


bottom of page