Хрватска кино премиера на „Приказната за Силјан“
- Aleksandar Santovski
- Jan 29
- 1 min read
29.01.2026 Januari Cetvrtok
Хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска се одржа вчера вечер во загрепското Докукино Киц. Хрватската кино премиера беше во организација на хрватскиот дистрибутер „Рестарт“, „Волим документарце“ и македонскиот Културно-информативниот центар во Загреб.
Како што информираат од македоницот КИЦ во Загреб, во преполната кино сала публиката имаше ексклузивна прилика да го види најновото успешно остварување на македонската филмска документаристика. Публиката беше суптилно и моќно освоена од древната легенда за Силјан штркот, оживеана во поетска, моќна и визуелно волшебна филмска приказна за идентитетот, корените и човештвото.
Свои обраќања пред проекцијата на филмот имаа раководителката на ДОКУКИНО КИЦ, Дина Покрајац и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, која во своето обраќање изрази посебна благодарност за поканата од страна на хрватскиот дистрибутер „Рестарт“ и платформата Volim Dokumentarce, македонскиот КИЦ во Загреб да биде еден од партнерите на кино-премиерата и дистрибуцијата во Хрватска на најновото филмско остварување на Тамара Котевска, „Приказната за Силјан“.








Comments