Search
Храдецки киксираше, па шокираше со зборовите во интервјуто по поразот на Баер (Видео)
Лукаш Храдецки направи нов кикс кој значеше погодок во мрежата на Баер Леверкузен, а од кој профитираше вчерашниот противник Монако. Финскиот голман смета дека бил фаулиран од Емболо и не се согласува со одлуката на судиите. – Прашајте го судијата зошто е признат тој гол. Според мене се работеше за чист прекршок, добив удар и неконтролирано паднав на теренот. Да не бев гурнат, ќе ја избиев топката нормално. Ме боли к…т, тоа е безобразно, – изјавил Храдецки. Голманот имал сличен коментар и за мешаницата по завршувањето на средбата на која гостите победија со 2:3. – Што се случи по натпреварот? Нови генерации, секој мисли дека има поголем к.. од другиот. Не разбирам, тоа се деца, се се тоа деца, – дополнил Храдецки.
Comments