Хорор повреда пред очите на Дончиќ и соиграчите: Хендрикс си ја скрши ногата откако „заглави“ во паркетот
29.10.2024 Oktomvri Vtornik
Далас успеа да победи на натпервар на кој ужасна шутерска ноќ имаше Лука Дончиќ, меѓутоа победата од 110:102 над Јута Џез остана во сенка на ужасната повреда која ја заработи Тејлор Хендрикс.
Младиот кошаркар на гостинскиот тим доживеа хорор на паркетот во третата четвртина, кога по едно неприродно движење сам си нанесе огромна штета и си ја скрши ногата.
Неговата десна нога заглави во паркетот и дојде до целосна фрактура на фибулата, нешто што стана евидентно во првиот момент кога ја исправи ногата.
Сцената беше навистина ужасна и не остави никого рамнодушен на теренот, па во такви услови беше навистина тешко да се игра кошарка до крајот на натпреварот.
Инцидентот се случи во третата четвртина и имаше неколкуминутен прекин, а лицата на соиграчите и противниците најдобро говореа за тежината на повредата која најверојатно стави крај на сезоната за 20-годишниот играч на Јута.
Comments