Хорват претставен како огромно засилување во новиот клуб
Златко Хорват почувствува дека е огромен финансиски товар за Металург и си замина од Автокоманда минатата седмица, а веќе сега е промовиран како големо засилување во ракометна Унгарија.
Ракометниот клуб Дабаш ја искористи комплексната ситуација на Металург и брзо стапи во контакт со искусниот хрватски ракометар, кој сега ќе настапува во Унгарија најмалку до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
– Во зимскиот преоден рок има малку ракометари со вистинско знаење. Во Унгарија нема играчи на позицијата десно крило, па решението го побаравме во странство.
– Задоволство ни е што објавуваме дека во Дабаш доаѓа голема светска ѕвезда од која очекуваме дап ридонесе на десната крилна позиција со својата неверојатна рутина. Веруваме дека Златко Хорват ќе им помогне на нашите млади играчи.
– Нашиот нов играч од светска класа има постигнато 565 голови за националниот тим на Хрватска на одиграни 182 натпревари, – се вели во потврдата на Дабаш.
Comments