Холивудскиот актер Мајкл Даглас ќе биде добитник на почесна „Златна палма“ во Кан
- Aleksandar Santovski
- May 4, 2023
- 1 min read
Холивудскиот актер Мајкл Даглас овој месец ќе ја дополни својата долга низа признанија кога на Филмскиот фестивал во Кан ќе му биде доделена почесната Златна палма.
Органзаторите на најголемиот филмски фестивал изјавија дека ќе му оддадат почит на двократниот добитник на Оскар на свеченоста на отворањето на фестивалот на 16.мај како признание за неговата „брилијантна кариера и ангажман во кинематографијата“.
Даглас (78) познат по своите разновидни улоги, вклучувајќи ги филмовите како „Кинески синдром“, „Ниски страсти“, „Пад“ и „Мојот живот со Либерачи“, од кои сите се прикажани во Кан.
„Секогаш е како вдишување свеж воздух да се биде во Кан, кој секогаш нудеше преубава платформа за одважни креатори, уметничка смелост и исклучителност во раскажувањето“, рече Даглас, познат по „Вол стрит“ како и по „Фатална привлечност“.
„Од моето прво доаѓање овде во 1979 година по повод „Кинескиот сидром“ до последната премира на филмот „Мојот живот со Либерачи“ во 2013 година, фестивалот секогаш ме потсетуваше дека магијата на филмот не е само во она што го гледаме на платното, туку и во неговата способност да влијае врз луѓето низ светот“.
Досегашни добитници на наградата ги вклучуваат покојната француска филмска режисерка Анјес Варда и акерката Џоди Фостер.

Comments