Холивудската легенда Роберт Редфорд денес полни 85 години
Роберт Редфорд стана водечка холивудска sвезда пред повеќе од 50 години. Во вестерн комедијата „Буч Касиди и Санденс Кид“ (1969) година, напаѓаше возови и банки заедно со Пол Њумен. Со побелена коса, но сепак со харизматична, неверојатна насмевка, тој повторно ги извади пиштолите во „Старецот и пиштолот“ (2018) како Форест Такер, остарен ограбувач на банка. Роберт Редфорд, кој денес (18 август) полни 85 години, триумфираше во секој аспект на комплицираниот свет на кинематографијата. Според светските медиуми, тој е едноставно фасцинантна личност, актер и човек достоен за почит. За луѓето кои ја гледале неговата верзија на „Големиот Гетсби“ или многу други постари блокбастери, секогаш ќе се сеќаваат на дискретниот шарм, но и леснотија со која ги пренесува сториите на ликовите кои ги глуми. Холивудскиот ветеран – актер, режисер и активист – глуми од својата 21. година. Актерската кариера ја започна во 1960 година и подоцна заработи четири номинации за „Оскар“, а престижната награда ја освои за режија за „Обични луѓе“ во 1981 година. Редфорд доби почесен Оскар во 2002 година.Тој има легендарна кариера, глуми во класици филмови како „Буч Касиди и Сандeнс Кид“ , „Осило“, „Сите луѓе на претседателот“ и други.
Comments