Холивуд ја поддржува Украина
28.02.2022 Februari Ponedelnik
Холивудските актери ѝ оддадоа почит на Украина во текот на доделувањето на наградите на Здружението на филмските актери (САГ) во неделата вечерта, притоа истакнувајќи ги корените на претседателот Володимир Зеленски во забавната индустрија. „Претседателот на Украина е поранешен комичар“, рече актерот Брајан Кокс при примањето на наградата. „Тој беше прекрасен комичар и ние треба да го почитуваме тоа и навистина е неверојатно што дојде на претседателска функција“. Актерката Џесика Честејн во својот говор рече: „Моето срце е со оние што се борат за својата безбедност и за својата слобода“, а ТВ-водителката Грета Ли прошета на црвениот тепих во сино-жолт фустан, боите на украинското знаме. Лејди Гага, Мајкл Даглс и Ендру Гарфилд беа меѓу ѕвездите што изразија поддршка за Украина.
Comments