top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Холанѓаните градат „хотели“ за спас на пчелите

Во Холандија се градат т.н. хотели за пчели, за да се спаси овој вид на инсекти. Проектот започнал затоа што половина од вкупниот број домашни пчели се загрозени. Но тоа не е единствениот придонес за нивно зачувување во оваа земја.

Според владините податоци, 75 проценти од прехранбените култури зависат од опрашувачи и земјата е втор по големина извозник на земјоделски производи во светот. Поради таа причина заканата започнала да претставува голем проблем за Холандија.

За да го реши овој проблем, таа одлучи да направи простор каде што пчелите ќе можат да останат и да се хранат. Еден таков простор беше направен во градот Утрехт. „Хотелот“ се наоѓа на голем билборд и има 200 места за гнездење на пчелите. Околу него има простор од 7.000 квадратни метри со диви цвеќиња. Покрај тоа, на покривите на 316 автобуски станици во Утрехт се изградени живеалишта за пчели и други инсекти.

Во Амстердам беше забранета употребата на пестициди на јавни зелени површини и беше одлучено да се засадат домашни растителни видови. Како резултат на тоа, диверзитетот на видовите пчели во овој град е зголемен за 45 проценти од 2000 година.

Во Холандија исто така се прават и т.н. автопатишта за пчели. Тоа значи засадување големо количество диви цвеќиња покрај главните патишта, за овој инсект да има повеќе храна. Благодарение на овие мерки, бројот на пчели во холандските урбани средини започна да се стабилизира, објави Светскиот економски форум.


2 views

コメント


bottom of page