Холанд се враќа во голгетерска форма
Updated: Apr 19, 2022
18.04.2022 April Ponedelnik
ФУДБАЛ – БУНДЕС-ЛИГА
Борусија Дортмунд постигна пет гола во првото полувреме на мечот против Волфсбург, 6-1, во Бундес-лигата, по што остана на второто место на табелата со 63 бода, шест помалку од Баерн Минхен, кој вчера ѝ гостуваше на Арминија. Ова е втор пат Борусија да постигнува шест гола за помалку од два месеца, кога ја совлада Борусија Менхенгладбах со 6-0, на 20 февруари. Волфсбург, кој загуби четири од последните пет натпревари, примајќи 14 гола, е на 13-то место во Бундес-лигата.
Ерлинг Холанд даде два гола, први за него по јануари, 18 на 20 одиграни меча сезонава во Бундес-лигата, а вкупно 33 на 31 меч сезонава во сите конкуренции. Во листата на стрелци се запишаа и 17-годишниот дебитант Том Роте, кој е осмиот најмлад играч што настапил за Борусија во Бундес-лигата, но е најмладиот дефанзивец. Тој и Мануел Акањи беа 17-ти и 18-ти различни стрелци за Борусија сезонава, најмногу во лигата.
Comments