top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Хокеј или фудбал: Швеѓанецот Фриберг со фудбалски потег стана хит во Пекинг

Хокеј турнирот секогаш е еден од настаните кои привлекуваат најголемо внимание на едни зимски Олимписки игри, а таков е случајот и во Пекинг каде денеска на распоредот беа четири натпревари.

Програмата беше отворена со средбата меѓу Шведска и Летонија на која „викинзите“ ја оправдаа фаворитската улога со победа од 3:2, но вирален хит од Олимпијадата во Пекинг денеска стана еден фудбалски потег кој беше виден на мечот.

Хокејот е спорт кој е составен од постојани контакти и допири со палката, но сега Швеѓанецот Макс Фриберг презентираше и една необична техника која е составен дел од фудбалот.

Фриберг го удри пакот со својата глава во обидот да проигра соиграч, па негоиот потег некарактеристичен за хокеарски натпревари брзо стана сцена на денот од Олимписките игри во Пекинг.


3 views

Comentários


bottom of page