top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Хитот на Нетфликс „Don’t Look Up“ со Ди Каприо и Лоренс урива рекорди на гледаност

Американскиот филм „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up) на Адам Макеи, сатира за климатските промени, официјално е рекордер со најголем број часови гледаност во една недела во историјата на „Нетфликс“ и е трет најгледан во историјата на оваа платформа.

Во филмот, Ди Каприо и Лоренс ги играат научниците д-р Рандал Минди и д-р Кејт Дибијаски, двајца астрономи принудени да патуваат низ САД за да го предупредат населението дека џиновски метеор се движи право кон планетата.

Наместо нивното знаење и искуство да бидат ценети и препознаени, Кејт и Рандал стануваат национална потсмев, сè до моментот кога навистина ќе почне да се случува сето она за што предупредуваат со месеци.

Актерската екипа на најновиот хит на „Нетфликс“ вклучува и големи имиња како Мерил Стрип, Роб Морган, Џон Хил, Марк Рајланс, Кејт Бланшет, Тајлер Пери, Тимоти Шаламеј, Рон Перлман, Аријана Гранде и Скот Мескуди.

Популарната платформа претходно објави дека филмот со Леонардо ди Каприо и Џенифер Лоренс во главните улоги е нивниот трет најгледан филм на сите времиња. Пред ова остварување се само филмовите „Кутија за птици“ (Bird Box) и „Црвеното известување“ (Red Notice).

Во „Кутија за птици“ Сандра Булок се бори против мистериозната сила која гарантира дека ќе се убиете веднаш штом ќе ја видите. Но, сега таа треба да започне патување по река со две деца што може да ја одведе до единственото место каде е можно преживување…

„Црвено известување“ (Red notice) со Двејн Џонсон, Рајан Рејнолдс и Гал Гадот го сруши рекордот за најгледан филм во првиот ден од објавувањето на „Нетфликс“. Тој дебитираше на платформата на 12 ноември.

Во филмот се следи приказната за вработен во ФБИ (Џонсон), кој соработува со крадец (Рејнолдс) за да пронајдат озлогласен криминалец (Гадот).

Со буџет од 200 милиони долари, се смета дека овој филм е најскап проект на „Нетфликс“ досега.


1 view

Comments


bottom of page